Кои се најубавите машки познати лица?

Иако не постои дефиниција за совршенство, уште од древните времиња постои „формула“ за пресметување – колку нечие лице е идеално.

Затоа се открива кои познати „убавици“ и „убавци“ имаат најпропорционални лица.

Старите Грци ја припишувале убавината и привлечноста на лицето на концептот на „златниот пресек“ – математичка константа (фи) еднаква на приближно 1,61, којашто ја користеле многу уметници за да постигнат рамнотежа во нивните дела – најчесто скулптури и слики.

За да ја провери релевантноста на оваа формула денес, познатиот естетски хирург – Џулијан де Силва, ја спореди со познати мажи и ги сподели десетте кои, судејќи по оваа мерка, се најубави.

Мажот со најсовршено лице и оценка од 92,15 отсто е актерот Роберт Патинсон, попознат по улогата во серијалот филмови „Самрак“.

„Тој е прв во сите категории поради изразените црти на лицето и убаво обликуваната вилица“ – смета доктор Де Силва.

На второ место е Хенри Кавил, со коефициент на убавина од 91,64 отсто.

Трет е Бредли Купер со 91,8 отсто, а веднаш под него со 90,51 отсто е Бред Пит.

Следуваат Џорџ Клуни со 89,91 отсто, Хју Џекмен со 89,64 отсто, Дејвид Бекам со 88,96 отсто, Идрис Елба со 88,01 отсто, Кање Вест со 87,94 отсто и на последното 10. место – Рајан Гослинг со 87,48 отсто.