Владата и синдикатите се договорија, јавниот сектор ќе добие десет отсто повисоки плати и останати привилегии, пренесува Глас на америка.
„За нас како ССМ беше важно вработените во јавниот сектор на банкомат во септември да добијат далеку повеќе од 14,2 проценти што го постигнавме ако земеме предвид дека со синдикалните активности платите во голем дел од јавниот сектор јавниот сектор веќе пораснаа. Добро е што конечно утврдивме регрес за годишен одмор и исправивме една голема непрвада кон вработените во јавниот сектор особено вработените во здравство кои досега ниту еднаш немаат добиено регрес. Конено утврдуваме методологија со која ниту еден владин функционер ќе нема право да влијае на начинот на утврдување на плати на вработени во јавниот сектор. Платите на вработените во јавниот сектор од март 2025 година ќе пораснат за значителен процент. Од септември ќе немаме ниту еден вработен во јавниот скетор кој ќе биде на минималец“, изјави Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ).
Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчовска, прецизираше дека 10 отсто годинава е веќе договорено како и 30 отсто регрес наредната година.
„Постигнавме договор за општиот колективен договор да се потпише и за спорните прашања кои со месеци се преговараа со претставниците на Синдикатите. К-15 секој вработен во јавен сектор ќе зема во висина од 10 илјади денари. Во општиот Колективен договор ќе стои одредба исплата на К-15 да биде најмалку 30 отсто од висина на просечна плата во изминатата година“, рече Тренчовска.
За да се најдат пари од државниот Буџет за исплата на зголемувањето од 10 отсто и регрес за годишен одмор ќе мора да се направи ребаланс на Буџетот. Колку тоа ќе изнесува во пари и од кои ставки ќе се префрлаат средтва министерот за финансии, Фатмир Бесими дополнително ќе соопшти.
„Цело време разговараме за системско решение кое ќе важи за сите. Ние имаме една од значајните реформи во системот за плати. Разликите ќе се усогласат согласно растот и тоа ќе важи за сите институци во јавниот сектор. Важно е што системски регулираме плати и регрес за годишен одмор за оваа година. Ние веќе во септември ќе треба да одиме со ребаланс на Буџет за да влезе ова што го договоривме. Пресметките ги правиме, не би сакал да лицитрам со бројки. Кога ќе го правиме ребалансот ќе ги соопштиме ставките од кои ќе се префрлаат пари“, изјави министерот Бесими.
За вицепрмиерот Фатмир Битиќи ова е историски момент.
„Мислам дека ова е историски момент, по системското решавање на минималната плата. Ова е доказ кога сакате системски да ги решите проблемите се решаваат. Жалам што овој процес не можевме да го завршиме со претходниот претседател Дарко Димовски кој прерано почина. Може да лицитираме со бројки дали можело повеќе или помалку, но битно е дека секој службеник во јавниот сектор ќе може да знае што го очекува во иднина“, рече вицепремиерот Битиќи.