На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека по околу еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата времето на чекање е околу еден час.

Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.