Путин: Ќе направиме се за да најдеме компромиси кои можат да ги задоволат сите

„Москва ќе стори се за да најде компромис и да стави крај на украинската криза, но дека ќе продолжи да бара од Западот да одговори на главните безбедносни барања на Русија“. Ова е пораката на рускиот претседател Владимир Путин по заедничката прес-конференција со францускиот колега Емануел Макрон.

„Од наша страна, ќе направиме се за да најдеме компромиси кои можат да ги задоволат сите. Треба да најдеме решение за да излеземе од оваа ситуација“, рече Путин.

Западот ја обвини Москва од крајот на минатата година дека распоредила повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница поради потенцијална инвазија, но Русија тоа го негира и бара гаранции за сопствената безбедност.

Главните барања на Русија се Украина да не стане членка на НАТО и да не распоредува офанзивно оружје во близина на руската граница.

Путин рече дека Русија ќе продолжи да бара одговори од Западот за нејзините главни безбедносни барања, иако САД и НАТО ги „заобиколија“ во официјалните одговори испратени до Москва во јануари.

Рускиот претседател вели дека „дијалогот не е завршен“.