Алекса Бечиќ повеќе не е претседател на Собранието на Црна Гора

Црногорското Собранието на вонредна седница синоќа го разреши претседателот на Собранието – Алекса Бечиќ.

Според тамошните медиуми, за неговото разрешување гласале 43 пратеници на опозицијата и на коалиција „Црно–бело“, додека против биле 36 пратеници.

Бечиќ беше избран за претседател на Собранието на 23. септември 2020 година.

Опозициските пратеници потенцираа во расправата дека „претходните 14 месеци се изгубени за Црна Гора“.

Бечиќ во завршниот збор изјави дека на седницата се докажани наводите на пратениците на партијата Демократи од претходните недели.

„Ги претставив целите што ова свикување на собранието ќе ги постигне за четири години. Горд сум што по 1,5 година можам да кажам дека повеќето од овие цели се остварени речиси сто проценти“ – рече Бечиќ.

Тој кажа дека напишаното во иницијативата за негова смена е неосновано.