Бајден и Шолц: Германија е еден од најблиските сојузници на Америка!

Џо Бајден – претседателот на САД и германскиот канцелар – Олаф Шолц го истакнаа единството на САД и Германија додека се состанаа во Белата куќа.

„Германија е еден од најблиските сојузници на Америка“ – рече Бајден за време на разговорите со Шолц во Овалната соба.

Тој рече дека со нетрпение очекува блиска соработка.

„Ние сме најблиски сојузници и интензивно работиме заедно и тоа е неопходно за да ги направиме чекорите што треба да ги направиме, на пример борбата против руската агресија против Украина“ – рече Шолц.