Борел: ЕУ обезбедува непречено снабдување со енергија за Западен Балкан

„Мислам дека треба да испратиме силна порака за одлучност да се подобри енергетската сигурност за Европа и за нашите директни соседи Украина и Западен Балкан“ изјави шефот на европската дипломатија Жосеп Борел, на министерски состанок за енергетика САД-ЕУ што вчера се оддржа во Стејт департментот.

Додаде дека ЕУ се наоѓа среде голема дипломатска криза со Русија, „која не се двоуми енергијата што ја снабдува во Европа да ја употреби како оружје за геополитичка добивка, кога цените на енергенсите пораснаа низ целиот свет“.

„Им кажавме на нашите најголеми снабдувачи на енергенси да се подготват и да обезбедат сигурно снабдувањето со енергија, достапно и гарантирано не само за ЕУ, туку и за нашите соседи Украина, Молдавија, и Западен Балкан“ рече Борел.

Тој истакна дека ситуацијата налага Европа и светот да пристапат кон диверзификација на снабдувачката со енергенси.