Нема веќе носење маски на отворено во Шпанија
Конечно е намален бројот на Ковид позитивни во Шпанија, па повеќе нема да биде задолжително носењето заштитни маски на отворено – соопштија денеска од шпанското Министерство за здравство.
Ресорната министерка Каролина Даријас и претставниците на 17-те автономни провинции се согласија да се укине задолжителното носење маски на отворено, кое е во сила од 22 декември.
Мерката беше одобрена од сите провинции освен северната Баскија, која беше воздржана за време на гласањето.
Шпанците во четврток би можеле да излезат на улица без маски. Носењето, сепак, се препорачува на места каде што се собираат повеќе луѓе и каде што нема доволно простор меѓу нив.
На 21 јануари во земјата имаше рекордни 3.419 заразени на 100.000 жители.
Во Шпанија, од почетокот на пандемијата се заразија 10,2 милиони луѓе од вкупно население од 47 милиони жители.