Најсовремен лек против Ковид-19 пристигна во Србија

Најсовремениот лек против коронавирусот – „Паксловид“ (Paxlovid) пристигна во Србија, втора земја во Европа по Велика Британија).

Пред 10 дена откако ЕМА (Европска агенција за лекови) ја одобри употребата и продажбата на овој лек.

Ова е првиот орален антивирусен лек против оваа болест одобрен во Европската Унија.

„Паксловид е првиот орален антивирусен лек препорачан во ЕУ за третман на Ковид-19“ – се наведува во тогашното соопштение на ЕМА.

„Паксловид“ е антивирусен лек кој содржи две компоненти ритонавир и нирматрелвир и е наменет за орална употреба. Индициран е за третман на инфекција со Ковид-19, кај возрасни на кои не им е потребен дополнителен кислород и кои имаат зголемен ризик од прогресија во тешка форма на болеста. Употреба на лекот се препорачува да започне во првите пет дена по појава на симптомите.