Од етички и морални причини разрешен директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“

Поради етички и морални причини разрешен е директорот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче – Перо Арсеновски, за в.д. директор на училиштето е поставена Магдалена Петревска, соопштија од општина Аеродром.

Градоначалникот на оваа општина, Тимчо Муцунски информираше дека „од етички и морални причини одби да го именува на таа функција, со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици“.

„За претходниот директор на ООУ „Лазо Ангеловски“ имаше бројни поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и нанесе голема штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци. Децата се нашата иднина, а одговорноста е на сите нас да им обезбедиме безгрижно детство и најдобри услови за нивниот правилен раст, развој и квалитетно образование водено и спроведено од професионален и посветен кадар“ – соопштија од општина Аеродром.