Канцеларот на Германија – Олаф Шолц е во прва посета на Вашингтон откако ја презеде функцијата, во услови на зголемени прашања за посветеноста на Берлин кон неговиот клучен сојузник на САД во украинската криза.
Планот предвидува Шолц денеска да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа.
Германија се соочува со притисок од САД за усогласување на позицијата на Вашингтон, а сомнежите за трансатлантската алијанса се појавија делумно поради посветеноста на Берлин за проектот за гасоводот Северен поток 2 со Русија, што САД и земјите од Источна Европа остро го критикуваа, како и поради неподготвеноста на Берлин да испорача оружје на Украина.
„Ние не доставуваме оружје во кризните области. Не испорачуваме смртоносно оружје во Украина“ рече Шолц пред посетата на САД.