Последните 7 дена, Хрватска е прва по бројот на починати од коронавирус во Европската Унија. со 73 смртни случаи на милион жители.
На неславното второ место е Бугарија, со 68 смртни случаи на милион жители.
„Јутарњи лист“ пишува дека со ова се потврдува дека е заблуда дека има помалата опасност Омикрон варијантата на коронавирус и дека минатонеделните податоци на Заводот за статистика дале реална слика за тоа што направил коронавирусот во Хрватска во изминатите две години, каде само во 2022 година починале 63.611 лица или 12.000 повеќе од во годината пред епидемијата.
Во написот се посочува дека бројот на починати од Ковид 19 во последните 7 дена во Холандија е нула, Германија имала 10 починати, Австрија, која воведе задолжителна вакцинација, 11 смртни случаи, а Шведска, Шпанија, Португалија и Данска имаа околу 20 смртни случаи на милион жители.