„Околу расправата за промените во Изборниот законик – посветени сме за реформирање на изборниот систем, за порепрезентативни институции и поблиски до граѓаните.
Сметаме дека сегашниот изборен систем не го почитува универзалниот принцип на еднаквост на глас и не ја претставува праведно волјата на народот изразена на изборите, поради постојаните проблеми со нееднаквоста на гласачите помеѓу изборните единици.
Во рамките на реформите во изборниот систем, ќе се посветиме на остварување на три суштински барања:
1. Поделба на државата на 8 изборни единици во согласност со границите на регионите, секоја со променлив број пратеници во зависност од бројот на гласачи.
2. Организирање на изборите со отворени листи.
3. Гарантирање и проширување на избирачкото право на иселениците, кои треба да гласаат за списоците што се водат во изборната единица во којашто тие имаат постојано живеалиште во државата“ стои во соопштението кое го испратија од опозициската Алијанска за Албанците.