Ковид статистика: 1.500 заразени, 522 оздравени и 16 починати

Во последните 24 часа регистрирани се 1.500 нови лабораториски позитивни случаи на КОВИД-19, оздравени се 522 пациенти и пријавени се 16 починати лица, информираат од Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 195 реинфекции.

Регистрирани сe 522 оздравени пациенти, а починале 10 пациенти – две починати лица од Скопје (75 г и 87 г), Куманово (72 г и 80 г) и Тетово (80 г и 89 г), и по едно починато лице од Гостивар (62 г), Демир Капија (73 г), Прилеп (61 г) и Струга (84 г).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 починати лица, Штип (1), Охрид (1), Кочани (1), Тетово (1), Скопје (1), и Кичево (1). Починатите се на возраст од 57 г до 82 г.

Бројот на починати е 8.549, а бројот на активни случаи изнесува 13.726.