Ѓоковиќ го изнесе Алкараз на вечера во елитен ресторан во Париз – увертира за утрешната битка на Ролан Гарос!

Утре во 14:45 часот во полуфиналето на Ролан Гарос ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, а сите љубители на тенисот ширум светот со нетрпение го чекаат тој меч.

Многумина велат дека утрешниот меч е „финале пред финалето“, а увертирата на овој меч никогаш не била поубава, бидејќи Новак Ѓоковиќ по којзнае кој пат покажа дека е вистински џентлмен.

Имено, двајцата заедно вечерале во познатиот ресторан „Сиена“ во главниот град на Франција, каде често доаѓаат најголемите светски ѕвезди.

Прелистувајќи го профилот на овој ресторан, може да се види дека Килијан Мбапе, Нејмар и Серена Вилијамс, како и поп-ѕвезди како Селена Гомез, застанувале тука во минатото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AMAR Taoualit (@taoualit__amar)