Небиу: ВМРО-ДПМНЕ уставните измени ги поврзува со влегување во власта

Според политичкиот аналитичар Бесим Небиу ВМРО-ДПМНЕ уставните измени ги поврзува со влегување во власта, вели тој во неговото гостување во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Стана јасно дека ВМРО-ДПМНЕ уставните измени ги поврзува со влегување во власта, а не со евроинтеграциите и напредокот на земјата. Измените на Уставот и влегувањето во Владата е едно исто за нив, вели Небиу.

Стратегијата на Мицкоски е дека кога ќе биде спремен да гласа уставни измени кога ќе биде на власт ќе мора да ретерира од сегашниот став, или, пак ќе треба да каже дека се откажува од евроинтеграциите, вели Небиу.

Во однос на гаранциите што ги бара за почитување на македонскиот јазик и нација тоа може да го добие од десничарските и народни европски партии, коментира Небиу, а можно е тие да го убедат Европскиот совет да изгласа некоја декларација која нема да биде обврзувачка, но ќе биде доволна на гласачкото тело да му се објасни промената на позицијата на Мицкоски.

– Главниот сојузник на Мицкоски се европратениците од Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, но таа е истерана од заедницата на народни партии. Што се однесува до ГЕРБ, која исто е народна партија, Борисов ретерираше во однос на македонското прашање. Оттука мислам дека централно-десничарскиот часот на групацијата ќе изнајде некое решение, вели Небиу.

Според него, одложеното дејство на уставните измени не би го задоволил критериумот што се бара за продолжување на преговорите. Но, тоа е предлог кој се приближува до позицијата на гласање на уставните измени, коментира Небиу.

-Уставната промена ќе предизвика нула промени во животите на македонскиот граѓанин, но одложувањето значи неисполнување на критериумот, вели Небиу.

Според Небиу, изјавата на ДУИ дека е спремна да излезе од Владата беше неочекуван потег за Мицкоски и го стави во тешка позиција. Ниедна политичка партија не се откажала од власт поради вакви причини, но не знам дали реално ќе се случи иако е тоа релевантно бидејќи ја разоружа стрегијата на Мицкоски и го постигна ефектот.