Лајчак вели дека итно е потребно политичко решение за актуелната криза меѓу Косово и Србија

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак на Твитер објави дека тој и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар вчера имале долги разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ за сложената ситуација на Србите на Косово.

Лајчак истакна дека насилството никогаш не е прифатливо и дека итно е потребно политичко решение на актуелната криза.

– Ја цениме подготвеноста на Вучиќ да придонесе за тоа – напиша Лајчак на Твитер.

Лајчак и Ескобар во понеделникот и вторникот беа и во Приштина, каде меѓу другото се сретнаа со косовскиот премиер Албин Курти, претседателката Вјоса Османи, како и со претставници на Српската листа и косовската опозиција.