Денеска во 11:00 часот во Клубот на пратеници, на покана на премиерот Ковачевски ќе се одржи лидерска средба со претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи, информираат од Владата.
По завршувањето на средбата, предвидени се изјави за медиумите.
Претходно неделава, Мицкоски го повтори партискиот став дека нема да поддржи уставни измени по бугарски диктат.