Кетлин Меган Фолбиг беше осудена во 2003 година за убиства на нејзините четири деца, но остана на ставот дека е невина и дека децата умреле од природна смрт.
Во австралиската држава Нов Јужен Велс е помилувана жена која првостепено беше осудена на 25 години затвор за смрт на четири деца по судска проверка и основани сомнежи за валидноста на првостепената пресуда.
Кетлин Меган Фолбиг беше осудена во 2003 година за убиства на нејзините четири деца, но тврдеше дека е невина и дека децата умреле од природна смрт, пренесува Ројтерс.
За време на првичната истрага во 2019 година, беа презентирани докази кои ја потврдуваат вината на Фолбиг, меѓутоа, за време на следната истрага започната во 2022 година од страна на пензионираниот државен обвинител Томас Батурст, беше разгледана првостепената пресуда и беа презентирани нови докази кои потврдуваат дека децата страдале од генетски мутација која може да предизвика смрт.
Фолбиг секогаш тврдеше дека е невина, но во 2003 година беше осудена на 25 години затвор за убиството на нејзините четири деца.
Секое дете умрело ненадејно помеѓу 1989 и 1999 година, на возраст меѓу 19 дена и 19 месеци, а обвинителите на нејзиното судење тврдеа дека ги задушила.
Претходните жалби и посебната истрага за случајот во 2019 година не нашле основа за разумно сомневање и им дадоа поголема тежина на посредни докази во првобитното судење на г-ѓа Фолбиг, според Би-Би-Си.
Но, во новата истрага, предводена од пензионираниот судија Том Батурст, обвинителите прифатија дека истражувањето на генетските мутации го променило нивното разбирање за смртта на децата.
Случајот на 55-годишна жена која поминала 20 години зад решетки е опишан како еден од најголемите грешки на правдата во Австралија.
Генералниот обвинител на Нов Јужен Велс, Мајкл Дејли, денеска ја помилува Фолбиг, откако збирните наоди од истрагата на Батурст го потврдија разумното сомневање за секоја изречена казна.