Софискиот здравствен инспекторат ги изненадил пратениците во Народното собрание на Бугарија. Без да носат заштитна маски биле евидентирани вкупно 21 пратеник, меѓу кои целата пратеничка група на „Преродба“, петмина од ГЕРБ, двајца од „Има таков народ“ и еден од „Демократска Бугарија“.
За народните избраници ќе следуваат административни казни, од 150 до 500 евра.
Пртијата „Преродба“ поднесе жалба до Уставниот суд на Бугарија за зелениот сертификат. Претседателот на партијата рече дека документот треба да се укине.
Жалбата е поддржаа и пратениците од „Има таков народ“ и од ГЕРБ.