Нема историскиот пресврт во НБА лигата, Мајами го декласираше Бостон и влезе во големото финале

Мајами ќе игра во финалето на НБА лигата, откако го добија седмиот и решавачки натпревар против Бостон со 103-84.

Селтикси имаа можност да станат првиот тим во историјата на НБА кој од 0-3 дошол до 4-3, но Мајами не дозволи сензација.

Мајами се пласираше во финалето каде ќе се обиде да ја освои четвртата титула (шампиони беа во 2006, 2012 и 2013), а во финалето ќе играат против Денвер Нагетс на Никола Јокиќ, за кого ова ќе биде прво НБА финале. Првиот натпревар се игра ноќта од петок кон сабота.

Јунак на синоќешниот натпревар беше Кејлеб Мартин од Мајами кој постигна 26 поени со сензационален шут, додека два поени повеќе од него имаше Џими Батлер, кој беше прогласен за МВП на финалето во Источната конференција.