Дел од областите во кинескиот главен град – Пекинг се ставени под карантин откако биле регистрирани 20 случаи на коронавирус во еден ден. Тоа претставува најголем број на нови инфекции од јуни 2020 година.
Жителите на Пекинг масовно одат на тестирање, а локдаунот е воведен во областа околу еден од хотелите каде што престојуваат новинарите кои ќе ги следат Зимските олимписки игри. На таа улица постојана има редица од локалното население за тестирање.
Олимпијадата во Пекинг се отвора на 4. февруари, а првите натпревари започнуваат два дена претходно.
Воведени се строги безбедносни мерки, а маски мора да се носат дури и на улица.