ВМРО-ДПМНЕ: Со 90 пратеници, за 4 години ќе се заштедат пари за 2 училишта, 4 градинки или една амбуланта

„Со 90 пратеници, за 4 години ќе се заштедат пари за 2 училишта, 4 градинки или една амбуланта.

За 4 години со Собрание со 90 пратеници, што е за 30 пратеника помалку од сега ќе се заштедат околу 4 милиони евра. Тоа се пари кои наместо во плаќање на функционери со разни привилегии ќе се насочат кон народот.

За само 4 години со 90 пратеници, 2 општини низ државата можат да добија по едно ново училиште.

За 4 години со 90 пратеници, 4 општини ќе добијат по една градинка. Додека за истиот период може да се изгради и нова амбуланта.

Со 90 пратеника на долг рок се крати на трошоци и се добиваат повеќе средства за инвестиции“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.