Модниот бренд „H&M“ доаѓа во Македонија

Модниот бренд „H&M“ доаѓа во Македонија, веста е потврдена на официјалната веб страна на компанијата.

Најавите се дека годинава „H&M“ планира да отвори свои продавници во  Еквадор, Косово и Македонија.

Ова вест на Инстаграм ја објави и Арсим Папранику – првиот човек на „Ист Гејт Мол“. Тој најави дека отворањето ќе биде годинава.

Компанијата „H&M“ има вкупно 4.801 продавница ширум светот.