Одлука на Владата – „Те-то“ ќе прави струја за ЕСМ до 31 март годинава

До крајот на март година компанијата „Те-То“ ќе произведува струја за потребите на ЕСМ. Ова е одлуката на Владата донесена на вчерашната владина седница.

Одлучено е топланата „Те-То“ да работи 7 дена во неделата по 24 часа со полна моќност и во февруари и март.

„Согласно оваа мерка, АД ‘Електрани на Северна Македонија‘ ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија Те-То“ – се вели во соопштението на Владата.

Со ова преземањето на електричната енергија, ќе се обезбеди и дополнителна топлинска енергија, што значи дека нема да има прекин во парно греењето во Скопје.

За да не се дојде во ситуација скопјани да останат без парно, Владата пред 10-тина дена донесе одлука ЕСМ да го преземе работењето на БЕГ додека трае енергетската криза.