Димитров: Се уште сме во „среден век“ затоа што нашите колеги не прифаќаат дека имаме заедничка историја

Ангел Димитров – шефот на бугарскиот дел на Заедничката историска комисија со Северна Македонија вели дека нема никакви промени во неа. Тие што не се во неа, доброволно си заминале. Димитров во изјава за „БНТ“ вели дека како одговор на новата енергија во билатералните односи се планира поголема динамика и во нивната работа.

До средината на мај треба да има три состаноци. Првата средба на историчарите за 2022 година ќе биде на крајот на февруари, посочи Димитров.

„Имаме искуство, знаеме што да очекуваме и пристапуваме со внимание и реализам, без посебни очекувања. Ние сме во средниот век, уште сме на материјата што се учи во основно училиште, се уште не сме стигнале до она што се учи во средно, а работиме три и пол години. Сето тоа е поради неподготвеноста на нашите колеги да прифатат дека имаме заедничка историја, а таа започнува во средниот век. На тоа се должи блокирањето на нормалниот ритам на работа на Комисијата“ рече Ангел Димитров.