„Убеден сум дека пристапот на релација Петков-Ковачевски ќе даде резултат. Имавме некои состојби каде политичките лидери на Бугарија беа пречка за развој на добрососедските односи. Првенствено во толкување на историјата и идентитетските прашања, што доведе до негативен тренд на двете влади и меѓународен лош кредибилитет“ – вели поранешниот амбасадор во Данска, екс–пратеникот Мухамед Халили за Трилинг.
Халили смета дека „не може да имаме ад-хок брзо решение. Вистина е дека процесот на дијалог ќе допринесе во ублажување на разликите, не мислам дека преку ноќ ќе ги даде посакуваните резултати, но ако нема атмосфера на добра соработка, ќе треба уште многу години за добри резултати“.