Oткако Уставен суд одлучи да укине два члена од Законот за плати и надоместоци на функционери, платите на сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции, како и сите судии меѓу кои и тие од Уставниот суд им се зголемуваат за речиси 78 отсто.
Од друга страна пак по протестот на здравствените работици, на кој побараа исполнување на ветувањето дадено пред неколку месеци, за покачување на платите на здравствените работници, беше договорено медицинските сестри да добијат покачување од 3.000 денари бруто и 2.000 за другиот персонал, јавната администрација, помошниците на техничкиот персонал и лекарите. Покачувањето ќе важи од март а официјално се очекува да се усвои од Министерството за финансии.
Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, на својот Фејсбук профил го напиша својот став за најавеното покачување на платите во здравството и на државните функционери.