Златан Ибрахимовиќ стана највозрасен стрелец во италијанската Серија А

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ синоќа испиша историја во италијанската Серија А откако стана највозрасниот играч кој постигнал гол.

На натпреварот против Удинезе, Ибрахимовиќ најпрво промаши пенал, кој потоа го повтори, а во вториот обид 41-годишниот фудбалер беше успешен и погоди за 1:1, со што влезе во историјата на Серија А.

Тој стана најстариот стрелец во ова натпреварување, а голот го постигна на 41 година и 166 дена.

Претходно рекордот го држеше Алесандро Костакурта, кој се запиша во листата на најдобри стрелци кога имаше 41 година и 25 дена, во мај 2007 година.

Сепак, Милан на овој натпревар не се прослави и иако Ибрахимовиќ ги врати во игра, набрзо прими втор гол, а потоа и трет, со што загуби секоја шанса да избегне пораз.