
„А можевте да го исперете и, /вашиот грев…/!?
Требаше 61, па можеби биле, 60 пратеника/, па може биле 59, па /58/…
Е зошто…?
Зошто не го сторивте тоа…?
Зошто?
Зошто се’ уште има политички затвореници?
И на Вас ќе ви олеснеше…
Ама…
Зошто???“ напиша на Фејсбук актерот Владо Јовановски, алудирајќи на тоа што вчера во Собранието на 106-тата седница не беше прифатено по скратена постапка да се донесе Предлог-закон за амнестија на лицата осудени за настаните во Собранието на 27 април 2017, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски.