Вечерва во Трилинг: Интервју со Весна Дамева, претседателка на Судски совет, репортажа од Приштина и Белград, се враќа манифестацијата „Глумците пеат“

Во вечерашното издание на Трилинг, ќе имате можност да ја слушнете претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

„Застарувањето на одредени предмети не секогаш е по вина на судот. Судскиот совет во изминатиот период има детектирано многу причини кои придонесуваат до одовлекување на постапката“ – вели претседателката на Судскиот совет.

Дамева одговори на прашањето дали чувствува одговорност за ниската доверба во македонското правосудство:

„Не само јас, сите во судството, мора да ја почувствуваат, меѓутоа и обврска е на сите нас да почнеме да ја враќаме довербата во јавноста“ – вели Дамева.

Во Трилинг ќе се разговара и на тема дијалогот Белград – Приштина.

„Мислам дека предлогот на ЕУ не е најдоброто решение“ – вели Газмир Раци, поранешен член на групата за дијалог.

„Тука се станува збор за меѓусебно признавање, и во овој момент Србија во секоја смисла не е спремна на таков чекор“ – истакна и Игор Новаковиќ, директор на Центарот за меѓународни и безбедносни работи – Белград.

По повод враќањето на култната манифестација насловена „Глумците пеат“ во Трилинг разговараме и со Маја Бабиќ.

„Од првиот ден од 1991/92 година, сум на некаков начин дел од Глумците пеат` бидејќи првите години дома кај нас се правеа. Се се случуваше дома, со кафе и пијалок. Глумците се маестрални пејачи“ – вели Бабиќ