Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 21 возачи.Од нив 9 на територија на Битола, 6 во Прилеп, 3 во Демир Хисар и по еден во Ресен, Македонски Брод и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 21 други видови прекршоци.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, порачуваат од полицијата.