„Мораме да го исполниме поголемиот дел од задачите што не се завршени“ – рече бугарскиот премиер Кирил Петков пред денешниот состанок на Советот на министри, коментирајќи ги односите на Бугарија со Македонија.
Според информациите кои ги пренесува БТА, Петков потврдил дека во вторник на 25. јануари ќе биде одржана заедничка владина седница на Бугарија и С.Македонија во Софија.
„Имаме можност да направиме нешто што не е направено во последните 30 години. Нема да губиме ниту минута за да ги претвориме овие ставови во вистински резултати“ – изјави Петков.
Како важна тема, Петков го повтори транспортното поврзување меѓу двете земји, наведувајќи ја потребата од брза железничка врска меѓу Софија и Скопје, како и директна авиолинија меѓу двата главни града.