Ковачевски – Бомгартнер: Скопје и Париз испишуваат ново поглавје на соработка

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска го прими амбасадорот на Република Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер.

На средбата било истакнато дека од 2020 година, после средбата на претседателот на Франција, Емануел Макрон со поранешниот премиер Заев, Франција и С. Македонија испишуваат ново поглавје на соработка кое се рефлектира со првата инвестиција со соларниот парк на компанијата „Акио Енерџи“ вреден преку 270 милиони евра, како прва инвестиција од Франција после 12 години и со влегувањето на Француската агенција за развој којашто во партнерство со Развојната банка на Северна Македонија планира значајни инвестициони проекти за поддршка на бизнис секторот, за локалната самоуправа, за граѓанскиот сектор и за други области.

Ковачевски и Бомгартнер изразиле подготвеност за исклучителна соработка во наредните месеци на планот на евроинтеграциите на Северна Македонија со цел за време на претседавањето на Франција со ЕУ да биде постигнат видлив напредок кој двете земји ќе ги приближи до остварување на целта да се одржи првата Меѓувладина конференција како почеток на преговорите на нашата земја за членство во Унијата.

Ковачевски ги истакнал традиционалните пријателски односи меѓу двете земји кои во поновата историја.