Рекордни безмалку 40.000 новозаразени со Ковид 19 во Шведска

Коронавирусот зема замав и во Шведска – во последните 24 часа е регистриран рекорден број на новозаразени со Ковид 19, 39.938, соопшти денеска Шведската здравствена агенција.

Претходниот беа регистрирани 39.321 заразени со Ковид-19, две дена претходно.

Во Шведска Владата неодамна воведе нови ограничувања бидејќи позаразната варијанта Омикрон брзо се шири и го оптоварува здравствениот систем на земјата.