Над три милиони новозаразени со коронавирус се пријавуваат дневно во просек во светот, и тоа во периодот од 13 до 19 јануари.
Ова е зголемување за петпати за разлика од крајот на ноември кога се појави сојот Омикрон
Во изминатите седум дена во просек биле пријавени 3.095.971 случај на ден, што е зголемување за 17 отсто во однос на претходната недела.
Ширењето на сојот Омикрон, предизвика забрзување на пандемијата во последниве недели: сегашните бројки се околу 440 проценти повисоки од 569.000 случаи дневно пријавени во просек помеѓу 18 и 24 ноември 2021.
Пред појавата на омикрон, рекордот беше 816.840 случаи на ден кои беа пријавени во просек помеѓу 23 и 29 април 2021 година.
И бројот на смртни случаи во светот моментално е во пораст (7.522 смртни случаи дневно во просек во последните седум дена, што е за 11 отсто повеќе од претходната недела) и тој број е поголем од бројките објавени кон крајот на ноември.