Четворица бугарски државјани беа уапсени во Белград осомничени дека демолирале автобус

Четворица бугарски државјани беа уапсени во Белград, осомничени дека запреле автобус и го демолирале на автопат во Белград.

Интервентната единица 92 и сообраќајните патроли во Нов Белград во близина на „Арена“, запрен е автомобил со француски регистарски таблички во кој имало четворица бугарски државјани. Полицијата го запрела автобусот кој имал видливи оштетувања на ветробранското стакло.

Возачот на автобусот изјавил дека бугарски државјани го запреле автобусот на автопатот и фрлиле пивско шише кон него и со ламба го искршиле ветробранското стакло на автобусот.

Сите учесници на настанот се приведени во полициска станица.