Писма за недоверба до Борис Џонсон – тој ги отфрла обвинувањата

Единаесет пратеници од Конзервативната партија на британскиот премиер, Борис Џонсон, утринава му предале писма во кои изразуваат недоверба кон него, јави британски „Телеграф“.

„Утрово, 11 членови на Конзервативната партија кои ги освоија своите места на изборите во 2019 година, му врачија писма на недоверба на Борис Џонсон“ – се вели во информацијата споделена на Твитер.

Наводно, 20 пратеници имаат намера да му предадат писма за недоверба на премиерот, но за гласање недоверба на Џонсон потребна е поддршка од 54 пратеници.

Тој победи на изборите во 2019 година, но  Џонсон е на работ на гласање за недоверба по лутите реакции од неговите конзервативци поради тврдењата дека забавите за карантин се одржувале во резиденцијата на премиерот.

Тој вчера ги отфрли обвинувањата од неговиот поранешен советник дека го лажел парламентот за забавата за време на карантинот, велејќи дека никој не го информирал дека пиењето може да биде спротивно на правилата наметнати поради Ковид-19.

Опозицијата тврди дека Џонсон е сериски лажго и го повикува да се повлече.