Поднесена е иницијатива за гласање недоверба на Владата во Црна Гора

Политичката партија Обединета реформска акција (УРА), на црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ денеска поднесе иницијатива за гласање недоверба на црногорската Влада, што би можело да се најде на дневен ред на Парламентот на почетокот на идниот месец.

Иницијативата ја потпишаа 31 пратеник во црногорскиот парламент, а според Уставот на земјата, најмалку 27 пратеници можат да побараат преиспитување на довербата на Владата во Парламентот.

За отповикување на актуелната влада на премиерот Здравко Кривокапиќ потребна е поддршка од 41 од вкупно 81 пратеник.

Абазовиќ ваквиот потег потег го најави во понеделникот и побара поддршка за формирање малцинска Влада во која, како што тогаш рече, нема да има место ниту за Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ, ниту за просрпската Демократски фронт.