Ковачевски: Да ја зајакнеме духовната зрелост и добрата волја за совладување предизвици

Премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици до православните верници вели:

„Овој празник нè повикува да се очистиме од гревовите на денот кога водите се преобразуваат во свети води за да потсетат на денот кога Исус Христос се крштеваше во реката Јордан. И оваа година додека сè уште трае пандемијата со КОВИД-19, празникот повикува да ги поминеме во здравје искушенијата на пандемијата.Да се придржуваме до препораките на здравствените работници и на Синодот на МПЦ-ОА и да го прославиме празникот одговорно.Секоја година овој празник ни порачува да ја обновиме и зајакнеме духовната зрелост, и смирено и со љубов да си посакаме добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици#.

Ковачевски  придружуван од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за локална самоуправа Горан Милевски присуствуваше на церемонијата за чествување на Богојавление – Водици, што традиционално се одржа на мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ во Скопје.