Макрон: Европа не може долго да биде далеку од Западен Балкан

Претседателот на Франција – Емануел Макрон во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур каде ги претстави приоритетите на француското претседателство со ЕУ нагласи дека, Западен Балкан „според својата географија и историја, како и преку ветувањето за иднината што го носи, се во срцето на европскиот континент, носи лузни кои не потсетуваат и на несигурноста на мирот и на силата на нашата унија“.

„Затоа денеска и ние имаме вокација да знаеме како да ги преиспитаме нашите односи со земјите од Западен Балкан и да им дадеме на појасен  и почитлив волонтаристички начин искрени изгледи за членство“ – рече Макрон.

Тој во говорот потсети на новата процедура за пристапување во ЕУ.

„Ние ја модернизиравме процедурата за преговарање овие последни месеци, исто така, многу конкретно  знаеме дека сегашна Европа со нејзините оперативни правила што може да стане Европа на 31, 32 или 33, Затоа нема да се лажеме самите себе си. Во контекст на конференцијата за иднината на Европа и резултатите следниот мај, ние треба да ги преиспитаме нашите правила за одлучување, за да ги направиме појасни, почитливи, за да можеме  побрзо и посилно да одлучуваат, но и политички да бидеме искрени за рамката на таа  Европа во која Западен Балкан го има место“ – нагласи францускиот претседател.