
Одложена седницата на косовското Собрание на која се расправаше за дијалогот со Белград на барање на опозицијата, откако премиерот Курти и по едночасовна пауза не се врати во Собранието. Шефовите на пратеничките групи на опозицијата побараа прекин на седницата, што беше прифатено.
Премиерката Ана Брнабиќ изјави денеска дека Србија е секогаш подготвена за дијалог и секогаш ќе биде тука да разговара со Приштина, но дека Заедницата на српските општини мора да се формира и овојпат тоа е заеднички став на Србија и нејзините западни партнери, пред се ЕУ и САД.
Курти денеска во своето обраќање пред пратениците изјави дека Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО) не може да се формира доколку не се почитуваат шесте принципи што ги изнесе на претходната седница на косовскиот Парламент.
Тој истакна дека е прифатен француско-германскиот предлог.