
Бројот на загинатите во двата разорни земјотреси што го погоди јужниот дел на Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.300. Земјотресите оставија зад себе илјадници повредени луѓе, како и оние кои останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови се срамнети со земја.
Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани.
Провинцијата Хатај, која се наоѓа на границата со Сирија, беше една од најтешко погодените од земјотресот. Турските медиуми јавуваат дека делови од покраината изгледаат како воена зона.
Тешко погодени се и Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије и Килис.