Во Јапонија, по подводната ерупција на вулакнот Хунга-Тонга-Хунга-Хапаи, ноќеска се створи цунами кое оштети најмалку 20 бродови во пристаништата во префектурите Токушима и Кочи, јавуваат тамошните медиуми. Бродовите, според информациите, биле превртени и однесени во океанот.
Околу 230.000 Јапонци, кои живеат во областите долж брегот на Тихиот Океан, синоќа добиле наредба за евакуација поради заканата од цунамито. Засега нема информации за жртви.
Дополнително, откажани се и 27 домашни летови со слетување или полетување во зоната на можно влијание на катастрофата.
Националната метеоролошка управа на Јапонија ноќеска соопшти за закана од цунами поради ерупцијата на подводниот вулкан.
Бранови високи над еден метар биле регистрирани долж брегот во различни делови на Јапонија, а забележана е и можноста за цунами високо до 3 метри.