Деспотовски: Се преговара за три големи инвестиции во енергетиката

„Во тек се разговори за три големи инвестиции во делот на енергетиката. За едната од нив, се очекуваат детали во текот на наредните неколку недели“. Ова денеска го изјави директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони – Јован Деспотовски.

„Станува збор за доста сериозни инвестиции, детали соопштуваме како и досега откако ќе имаме веќе одредено ниво на постигнат начин на договор со инвеститорите, меѓутоа очекувам за едната од нив, за која што се разговара веќе неколку  години, детали и конкретен одговор да имаме веќе во наредните неколку недели“ – изјави Деспотовски.

Според него, се работи за обемни инвестиции кои ќе имаат придонес кон стабилизација и зголемување на производството на енергија во земјава.

– Точно е тоа дека согласно анализата што ја направивме, во 2016 односно 2017 година растот на продуктивноста на трудот е многу поголем од растот на платите. По 2017 година, ситуацијата е обратна, односно платите растат со побрза динамика отколку растот на продуктивноста. И ако го гледаме целиот 10-годишен период од 2020 година, продуктивноста значително побрзо расте од платите, а тоа значи дека имаме уште значителен простор за раст на самите плати. Меѓутоа, она што е наша цел е да стигнеме во ситуација во која динамиката на раст на продуктивноста ќе ја следи динамиката на раст на платите“ – рече Деспотовски.