Нееднаквите плати во источна и во западна Германија предизвикуваат фрустрации

Германската официјална статистика покажува дека работниците во поранешна источна Германија заработуваат, во просек, стотици евра помалку месечно од нивните колеги од Западниот дел на земјата, јави ДПА.

Бруто заработката за вработените со полно работно време во западните сојузни држави и во Берлин, со исклучок на специјалните плаќања надвор од нормалната плата на вработениот, во просек изнесувале 4.237 евра или 4.860 долари месечно во третиот квартал од 2021 година.

Во петте источни-германски држави оваа бројка била 3.442 евра.

Тамошната партија Левица (Die Linke) повика платите да бидат еднакви низ Германија до 2025 година за да се намали оправданата фрустрација.

Според податоците, има значителни разлики, не само меѓу регионите, туку и меѓу секторите, како и помеѓу мажите и жените.