
Влезот на Хрватска во шенген зоната и воведувањето на еврото создаде многу проблеми: гужви на границите,изгор цени во маркетите
Влезот на Хрватска во шенген зоната и воведувањето на еврото создаде многу проблеми како на границите така и во маркетите.
Хаос во маркетите и на границите во Хрватска,како резултат на влезот во шенген зоната и воведувањето на еврото.Граѓаните велат еврото им направило многу проблеми во пресметките на цените. Со претварањето од куни во евро излегува дека сите цени зголемени. Поради тоа првиот месец цените ќе бидат испишани и во куни и во евра.
Километарски гужви на сега надворешните граници на ЕУ со соседите.Патници од Србија и Македонија се жалат дека седат и по десет часови на граница.Велат немаат каде да купат ниту вода.
На граничните премини со Србија се чека и до шест часа.При влез во Хрватска од БиХ пак,се чека и до четири часа.