МПЦ апелира да не се палат Бадникарски огнови годинава

Во период на енормно високо аерозагадување, но пред се заради тоа што палењето на Бадникарските огнови не е во склад со христијанството и традицијата, апелираат од МПЦ.

Во период на енормно високо аерозагадување, но пред се заради тоа што палењето на Бадникарските огнови не е во склад со христијанството и традицијата, од МПЦ со апел годинава да не се палат огнови и особено да се не се практикува пуштање гласно на неприкладна музика и конзумирање на алкохол на собирите.

Иако Македонската православна црква – Охридска архиепископија претходно многу пати го кажувала својот негативен став во врска со бадникарските-коледарските огнови, ВМРО-Народна партија годинава повторно ја повикува посериозно да се ангажира во објаснувањето на македонските православни верници.

Од ВМРО-НП посочуваат дека овој обичај воопшто не кореспондира ниту со Православната црква, ниту со македонскиот идентитет.

Напротив, тој е директна идентитетска негација, а да не зборуваме за еколошката катастрофа која би се предизвикала во време на енормно загадување на воздухот, се вели во соопштението на ВМРО-НП.