Поранешниот премиер и поранешен лидер на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа вели дека иако владата на Албин Курти се промовира како влада на промени и надеж, во реалноста тоа не е така, пишува Зери, пренесува Косово онлајн.
„Оваа влада беше промовирана како влада на промени, а уште повеќе како влада на надежта, но позитивни промени не се случија на ниту едно поле. Тоа е влада која не покажа способност да гледа напред и да се справи со иднината, туку стана заробеник на минатото, или поради нејзините ригидни политички ставови или поради предрасудите за минатите влади. Влада со репресивна логика, која се гордее со податоци за апсења, наместо да се фали со податоци за подобрување на животот на граѓаните“, рече Мустафа.
Според Мустафа, Владата предводена од Албин Курти во текот на 2022 година најмногу потфрлила во соработката со стратешките партнери, но уназадила и во здравството, образованието и економијата.
„На оваа влада и недостигаа приоритети, не се фокусираше на ниту една област што ќе го идентификува нејзиниот тек на владеење. Апсолутно потфрли во соработката со стратешките партнери и во надворешните работи, уназади во здравството и образованието, а јавните инвестиции паднаа“, потенцира Мустафа.