Земјотресот кој со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди северниот дел на Грција, а се почувствува и во делови од Македонија имаше бројни афтершокови со помал интензитет.
По земјотресот на длабочина од десет километри, на шест километри северозападно од градот Лерин, Грција ја потресоа уште н ајмалку 4 земјотреси.
Податоците се дака има само помали материјални штети, но за среќа без повредени.
И во текот на ноќта продолжија потресите кои силно се почувствуваа во Битола. Најсилниот во текот на ноќта беше со јачина од 3,2 степени, а беше регистриран во 2:32 часот.
Утрово имало нов потрес, во 7:28 часот, од истото епицентрално подрачје кај Лерин и со јачина од 3,6 степени според Рихтер.
Голем дел од граѓаните на Битола синоќа ги напуштија своите домови, дел останаа во автомобилите, дел го напуштија градот, а други пак се вратија во своите домови по неколку часа по силниот земјотрес.